воскресенье, 28 марта 2010 г.

Pesnata egejska e melem za dusata

МАРИЈА ДИМКОВА

Песни од Егејот

1

Песна за Мирка Гинова

4:41

2

Три години мори Дано

3:04

3

Чула си Лено разбрала

4:29

4

Елај Ристе елај

2:00

5

Сулејман ага

2:56

6

Сон сонувале

2:04

7

Кирјана вино продава

3:39

8

Отвори Лено вратничка

2:19

9

Сношти поминав мамо

3:32

10

Цвеќе израснало

4:17

11

Бог да убие Божана

3:20

12

Ем јадејте гости ем пијте

2:07



Marija Dimkova - Pesni od Egejot

ЖИВЕЕ ВО ШТИП ЗАЕДНО СО ПЕСНИТЕ ОД ВОДЕНСКО
Песната егејска и е мелем за душата

Речиси нема град во Македонија во кој 63-годишната пејачка Марија Димкова, во последните четири децении жителка на Штип, не настапила со оркестар или сама со својот репертоар изворни песни од Воденско. Најчесто на егејски средби, на културно-уметнички манифестации и на разни свечености. Често пеела и во Егејска и во Пиринска Македонија, а осбено ќе го памети настапот во Рожденскиот манастир, кај гробот на Јане Сандански. Снимила шеесетина песни од Егејската Македонија, најмногу за МРТВ, од кои 12 се на нејзиното прво цеде "Песни од Егејот", кое излезе пред неколку години. Нема пари за на носачи на звук да ги стави и другите изворни песни од Воденско.

- Јас сум единствената солистка од Воденско. Жал ми е што нема многу повеќе. Не смееме да дозволиме тој фолклор да згасне. Го преживеав егзодусот, преживеав и многу други маки и страдања, но никогаш не потклекнав, за што најмногу ми помогна љубовта кон македонскиот фолклор и песна. Песната егејска ми ги излекува раните на душата - вели Марија.

А, преживеала многу рани. Најдлабоката и најтешката од егзодусот на Македонците од Егејска Македонија. Таа имала само три години кога нејзиното семејство меѓу првите во 1945 година од родното село Горно Пожарско, Воденско, побегнало во Вардарска Македонија. Преку планините, прво стигнале во Мариово, каде што, во селата Старавина и Градешница, а потоа и во прилепското Сенокос, живееле две години. Преселбата многу влијаела на Марија и на нејзиното братче, една година помладо од неа. Таа одвај преживеала, а нејзиниот брат починал пред нејзините очи, на мазга, во рацете на мајка си, кога се враќале од прилепската болница.

Во 1948 година биле раселени во Војводина. Таму останале три години, па биле донесени во Штип. Во 1954 година се преселиле прво во прилепско Старо Лагово, а потоа и во Прилеп. Во 1960 година отишле во Битола, каде што купиле куќа.

- Татко ми беше градежен работник. Многу вреден човек. Работеше од утро до мрак и во делник и на празник. Одгледувавме и тутун. Само со макотрпна работа можеше да се прехрани 12-членото семејство и да се купи куќа - се сеќава Димкова, чие моминско презиме е Николовска.

Во 1963 година се омажила во Штип, со врсникот Стојан Димков, исто така од Воденско, од соседното Долно Пожарско, кој денес е истакнат активист за правата на Македонците во Грција и претседател на здружението "Македонски Егеј" од Штип. И двајцата својот работен век го одработиле во текстилниот комбинат "Македонка". Денес се пензионери и баба и дедо на петмина внуци. Живеат среќно во новата семејна куќа во штипската приградска населба Балканска, во која од илјада жители половината потекнуваат од Егејска Македонија. Ќерката им е омажена во Битола, а синот Трајче, со чие семејство Марија и Стојан живеат заедно, е тренер на Балканец, македонски шампион во борење, и на македонската кадетска и младинска репрезентација.

Марија најмногу во животот ќе ја памети 1989 година, кога првпат по речиси половина век успеале да добијат виза и да отидат со сопругот да ги видат родните огништа во Воденско. Од нејзината куќа во Горно Пожарско не останало речиси ништо. Од куќата на Стојан во Долно Пожарско останал само еден ѕид од камен. Седнале покрај него и долго плачеле. Тагата малку им поминала откако се виделе со многуте роднини во Воденско. Тогаш Марија го имала и првиот свој настап како пејачка во Егејска Македонија.

- Првата песна ја снимив за Радио Прилеп во 1959 година. Но, татко ми не сакаше да се занимавам со пеење. Времињата беа такви. Се измени кога се омажив во Штип. Семејството на мојот сопруг има длабоки музички корени. Во 1947 година од Егејска Македонија овде ги преселиле и своите музички инструменти и егејскиот фолклор. Денес, пак, оттука помагаат тој прекрасен фолклор да не се заборави таму. Со нивната група, познатиот оркестар "Димкови", беше многу полесно да се напредува како пејачка. Безброј пати настапувавмее заедно - раскажува Марија.

Таа не може да издржи ниту еден ден без да ги запее песните од својот крај - "Три години мори Дано", "Чула се разбрала", "Кирјана вино продава", "Сон сонувале", "Песната за Мирка Гинова", која е нејзината најчесто вртена песна на радиостаниците. Често ги потпевнува и дома и, на задоволство на соседите, во дворот.

Комментариев нет:

Отправить комментарий