среда, 17 июня 2009 г.

Македонци од соседните земји наградени на Конференцијата на ОМД

Македонци од соседните земји наградени на Конференцијата на ОМД


Претставници од македонските заедници во Романија, Бугарија, Хрватска Грција, говореа за, како што наведувааат, премрежјата за зачувување на вековното име. Солзите беа посилни од зборовите за копретседателот на ОМО Илинден – Пирин Стојан Георгиев кога ОМД му ја врачи наградата за животно дело. Георгиев вели дека минал два пати по четири години затвор во Бугарија затоа што се декларирал како Македонец. За Гласот на Америка на македонски раскажува - тешко е да се биде Македонец во Бугарија:
Јавно да кажеш дека си Македонец е тешко. Ќе те избркаат од работа, заплашуваат дека на возрасни луѓе како мене ќе им ги одземат пензиите. Бугарија е недемократска држава. Според мене, најголем непријател на Македонија е Бугарија, а не Грција. Зошто? Затоа што Грција го негира минатото, а Бугарија сегашноста на Македонија. Тоа е многу жално. Ние, Македонците од пиринскиот дел на Македонија цврсто стоиме на нашите барања за почитување на човековите права“. Бугарските власти, пак, тврдат дека нема доволен број на Македонци за да се формира нивна партија во земјата.


Парисис Насе, член на Виножито од Грција вели дека декларирањето за Македонец во земјата носи репрекусии:
[„Тоа значи - или ќе бидеш во грчката иделологија и ќе прифатиш асимилација, со што се отвораат сите врати и можности за просперитет и за тебе, и за твоето семејство, или пак ќе бидеш Македонец кој не сака јавно да се покаже дека се покорува дека станува Грк, па си некаде во средината и си го чуваш идентитетот, но не си активен за таа кауза, се наоѓаш на маргините на општеството, и преживуваш.
Третата категорија, или активистите Македонци сме ние во Виножито. Грчкиот систем во секоја можност гледа да не` нападне во сите сфери на нашиот живот - во семејството, школувањето, бизнисот “.

Комментариев нет:

Отправить комментарий